Сунѓереста обланда со пченкарни снегулки
Состојки
- 200 мл млеко
- 100 мл вода
- 18 полни лажици (360гр) шеќер
- 10 карамели со вкус на лимон
- 5 лажички мелен ориз
- 2 листа обланда
- 35 гр пченкарни снегулки
Подготовка
Ова е еден комплетно мој измислен и експериментиран рецепт на кој сум многу горда заради неговата комплекснот на спремањето и на крај добивањето на еден сунѓерест десерт за јадење. Подобро изгледа ако се прави со црна обланда, тогашвремено ја имаше, но за жал сега долги години не можам да најдам.
Желатинот се раствора во 100 мл ладна вода и пред да зоврие млекото се додава во него. По некоја минута се додаваат и карамелите да се стопат. На крај се додава оризот 1 по 1 лажиче со постојано мешање и по минута до две се трга од оган.
Смесата се префрла во поголем, подлабок сад (за да не ви прска насекаде) и се мати со најголема брзина на миксерот околу 15на минути додека не се згусти.
Се дели на два дела и се филоваат листовите обланда. Врз едната се распоредуваат насекаде пченкарните снегулки, се натиснуваат малку со рака или некоја алатка, лажица и врз тоа се става другиот лист обланда, па повторно благо се натиснува за да се спои.
Филовањето е пожелно да се работи брзо бидејќи смесата колку лади е потешка за размачкување и спојување.
По отприлка 2 часа обландата е спремна за сечење, а најдобро е да се почека и малку повеќе време