Чоколадна торта
Состојки
- Тесто (се прават 2теста)
- 5 белтоци
- 5 лажици шеќер
- 100 мл масло
- 5 жолчки
- 2 лажици какао
- 3 лажици брашно
- Фил
- 1 литар млеко
- 3 пудинга од чоколадо
- 5 лажици шеќер
- 150 гр чоколадо
- 250 гр маргарин
- 300 гр нутела(или било кој еурокрем)
- 50 гр шлаг крем
- трошки за декорација
Вкусна, кремаста и сочна чоколадна торта која е право задоволство да се проба.
1. Се матат белтоците заедно со шеќерот да се добие убав и цврст шам. Потоа се додава маслото и жолчките. Постепено се додава какаото измешано со брашното и се меша со шпатула. Се истура пандиспањата во округол плех бр26 и се печи на 180С-20мин. Се прави уште една кора.ЗНАЧИ ОДАТ 10 ЈАЈЦА.
2. Од литар млеко се вади 200мл се меша со пудингот и шеќерот и се вари во преостанатото млеко. Додека е врел пудингот се додава 150гр чоколадо. Се лади.
3. Посебно се мати маргаринот и постепено се додава пудингот. Кога е готов филот се додава нутелата и пак се миксира.
4. Филот се дели на 4 дела.
5. Корите се сечат на две, значи се добиват 4 кори.
6. Се филува кора, фил, кора фил..... на последната кора на која е преостанат четвртиот дел од филот се меша со свеж шлаг(прав)се бие со миксер и се добива уште погуст фил кој служи за декорација за правење ружи. Се декорира со разни чоколадни трошки по желба.На здравје!
ПС-Роденденска торта на мојот сопруг.