Испечати

Ароматични колачиња со ореви

Ароматични колачиња со ореви

Состојки

  • 200 гр. маст
  • 150 мл. масло
  • 1/2 рендана кора од пола портокал
  • 5 лажици мелени или сечкани ореви
  • 1 прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 100 гр шеќер
  • 600-700 гр брашно
  • 2 ванили

Подготовка

Прво се мати јајцето со шеќерот и ванилите. Се додава масло и маст и се доматува.
Потоа се додава брашно и пециво.
Брашно додаваме додека не добиеме средно меко, но нелепливо тесто.
Потоа ги додаваме оревите и кората од портокал.
Замесуваме.
Од готовото тесто правиме форми по желба, може и топчиња, ги редиме во плех и ги печеме во загреана рерна на 200 степени, 10 до 15 минути, додека убаво да поруменат.
Топли ги валкаме во шеќер во прав.