Испечати

Плескавици од урда со сланина

Плескавици од урда со сланина

Состојки

  • 250 гр чадена сланина
  • 400 гр урда
  • 1 јајце
  • 2 младо лукче
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици гриз

Подготовка

Во урдата ставете јајце, брашно, гриз и измешајте. Од младото кромидче исечете го само зелениот дел и ставете во урдата. 50 гр чадена сланина исечете на коцки и ставете ја во урдата. Се' промешајте. Со натопени раце направете плескавици. Плескавиците завиткајте ги во сланина. Испржете ги плескавиците во загреано масло. Многу се убави, пробајте. Добар апетит!