Испечати

Вегетарјански гулаш од тиква

Вегетарјански гулаш од тиква

Состојки

  • 1 тиква
  • 1 кромид
  • 1 праз
  • 500мл домата
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1 морков
  • За декорација
  • по потреба павлака

Подготовка

Количината на состојки можете да ги корегирате според вашите потреби. Кромидот и празот ситно исечете ги и ставете ги да се пржат. Морковот исечете го на тркалца, додајте го кај празот, пропжете 5 минути и додајте лажиче црвен пипер и домата. Тиквата излупете ја, исечете ја на коцки ставете ја во тенџере да се вари. За тиквата ќе треба само 10 минути да се свари. Посолете, додајте сув зеленчук, на крај ставете магдонос и младо кромидче ситно сечени. Сервирајте во чинии, по желба ставете павлака. Јас ставив павлака за декорација. Добар апетит!