Брзи мекици - тиганици
Состојки
- 250 гр брашно
- 2 лажички пециво
- 3/4 лажичка сол
- 30гр маргарин омекнат на собна температура
- 150мл ладна вода
Подготовка
- Во сад ставете го брашното и измешајте во него солта и пецивото. Додадете го исецканиот на ситни коцкички маргаринот и месете. Ќе добиете трошки. Додадете ја водата и продолжете да месите. Ќе добиете меко и малку лепливо тесто. Оствете го да одлежи тестото 20 минути. Потоа поделете го тестото на 8 дела и со рака растргнете ги во дијаметар на кругот од околу 10-12 см. Се пржат во загреано не многу длабоко масло по околу 1 минутка од едната страна, превртете ја од другата страна и исто толку време пржете. Сепак сами ќе оценете - зависи колку ви е загреано маслото, ако ги препржите тие ќе бидат рупкави. Сервирајте по ваш избор - посипани со прав шеќер, џем, сирење... Ова е основната рецепта... веднаш ќе ви кажам дуплирајте ја количината на состојките.