Испечати

Ролат со вишни

Ролат со вишни

Состојки

  • Пандишпан
  • 4 супени лажици шеќер
  • 4 јајца
  • 4 супени лажици брашно
  • 1 пециво
  • 4 супени лажици врела вода
  • 2 супени лажици какао
  • Фил 1
  • 4 супени лажици густин
  • 250 гр вишни
  • 200 мл сок од вишни
  • 4 супени лажици шекер
  • Фил 2
  • 250 гр крем сирење
  • 200 мл шлаг крем
  • 250 гр вишни
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 пакетче ванилин шеќер

Овошен ролат, сочен, кремаст...
Јајцата и шеќерот се матат убаво потоа се додава врелата вода, брашното, прашокот за пециво и какаото.
Смесата се промешува убаво и се става во тавче обложено со хартија да се пече на 200 степени. Испечениот пандишпан се мотка во ролат во влажна крпа и се остава така да се излади.
ФИЛ1
- 100 мл сок од вишни заедно со вишните и шеќерот се ставаат да зовријат. На страна во остатокот од сокот се раствора густинот и се додава во вишните, се меша додека се згусне и се трга на страна.
Врелиот фил веднаш се става врз пандишпанот убаво рамномерно се разнесува и се остава да се излади.
ФИЛ2
- Вишните се блендираат во бленде, се ставаат на цедалка да се цедат додека се поготвува филот.
Шлаг кремот, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав се матат убаво, потоа се додава крем сирењето и исцедените блендирани вишни и се промешува убаво. Гототвиот фил се става врз првиот фил и се замоткува ролат.
Ролатот се остава да се излади убаво и се декорира со малку од вториот фил или по желба.
На здравје !!!