Посни кекси
Состојки
- 1 маргарин
- 200 мл. масло
- 200 гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 квасец
Подготовка
Квасецот се става во еден филџан вода. Се додава 1 лажиче шеќер и се меша додека се истопи. Маргаринот, маслото, шеќерот и ванилиниот шеќер се матат со миксер. Се додава квасецот и брашното. Количината на брашното зависи од тоа како ќе се прават колачите. Доколку ги правите со машинка, како на сликата, тестото треба да биде меко(Во спротивно,тестото направете го појако. Исучете кора со дебелина од прилближно 0,5 см.и вадете форми). Наредете на плех и печете многу кратко. Кога ќе се изладат, залепете по две со мармалад.