Испечати

Сладок десерт со тиква, ореви и палента

Сладок десерт со тиква, ореви и палента

Состојки

  • 200мл млеко
  • 100мл слатка павлака
  • 150гр печена тиква
  • 50гр бело чоколадо
  • 150гр шеќер
  • 100гр палента
  • 50гр мелени ореви
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1/2 мало лажиче цимет

Подготовка

Вистината за десертов е дека е сладок, вкусен, мирисен...ама и необичен по состав. Оставам на вас да го пробате овој мој експеримантален есенски рецепт.

Подготовка
1. Печената тиква ја ставаме во Нутрибулет или блендерот кој си го користите, заедно со ванила екстрактот. Може и некоја лажица млеко да ставиме, за да стане кремаста.
2. Млекото, слатката павлака и шеќерот ги загреваме до вриење. Промешуваме за да се растопи шеќерот.
3. Додаваме цимет и бело чоколадо и мешаме за да се растопи.
4. Ја додаваме палентата и интензивно мешаме додека да се свари и згусне.
5. Ја тргаме смесата и додаваме мелени ореви и блендираната тиква. Соединуваме со мешање.
6. Калапите за пралини ги навлажнуваме и во нив со лажица ставаме од смесата.
7. Оставаме да се ладат.
8. Откако добро ќе се изладат ги вадиме од калап и ги сервираме со мелени ореви.

Забелешка
Сакав десертот да ми има форма, па ги ставив во силиконски калап за поголеми пралини, односно тој што го користам за панакота. За да се вадат полесно од калапот добро е да ги ставите во замрзнувач за да се стегнат.
Ако сакате може да додадете и повеќе ореви, ама така ќе ја изгубите текстурата на десертот како кремаст и ќе дојде многу погуст. Оставам на вас и вашате желба дали сакате структура на колач или кремаст десерт.
Десертот може да го сервирате и во мали тањирчиња или чашки.