Ролат со лешник и кокос (без печење)
Состојки
- црна смеса
- 250 гр мелени ореви
- 250 гр мелени бисквити
- 250 мл млеко
- 50 гр какао
- 100 гр чоколада за говење
- 100 гр шекер во прав
- бела смеса
- 100 мл слатка павлака
- 50 гр бело чоколадо
- 50 гр шеќер во прав
- 100 гр кокос
Подготовка
Во сад за готвење, измешајте го млекото, шеќерот и какаото и оставете да зоврие. Додадете го чоколадото и мешајте се додека се не се растопи.
Во смесата додадете ги мелените бисквити и мелениот лешник и мешајте се додека смесата не стане хомогена.
На работната површина поставете парче пластична или алуминиумска фолија, а потоа врз неа распоредете ја смесата во рамномерен слој во форма на правоаголник.
Во друг сад, на оган, слатката павлака измешајте ја со белото чоколадо и мешајте се додека не се растопи. Садот тргнете го од оган и додадете шеќер и кокос.
Врз темната смеса рамномерно распоредете од белата смеса и со помош на фолијата завиткајте го ролатот.
Ролатот ставете го во фрижидер да се олади барем 2-3 часа пред да го послужите.