Меломакарона со портокал
Состојки
- Сируп
- 500 мл вода
- 800 гр шеќер
- 150 гр мед
- 3 стапчиња цимет
- 3-4 цели каранфилчиња
- 1 поголем портокал
- За тестото
- 400 мл сок од портокал
- 400 мл сончогледово масло
- 180 мл маслиново масло
- 50 гр шеќер
- 1/2 лажичка мелено каранфилче
- 2-3 лажички цимет
- 1/4 лажичка морско оревче
- 1 лажичка сода бикарбона
- рендана кора од 2 портокала
- 1 кг брашно
- 200 гр гриз
- При послужување
- на вкус мед и ореви
Подготовка
- Најпрво се приготвува сирупот така што во тенџере се ставаат сите состојки освен медот. Портокалот се сече на половина, се вари додека се стопи шеќерот. Се трга настрана, се додава медот и се меша да се соедини односно стопи. Оставете да се лади, потребно е да тој биде ладен за потоа топлите колачиња се ставаат во него. Овој сируп може да се подготви и од предходен ден.
Тесто
1. Измешајте ги двете врсти на брашно.
2. Во сад измешајте ги двете врста на масло и сите зачини, како и шеќерот. Додадете и содата, измешајте. Со оваа мешавина замесете тесто кое не смеете да го месите предолго, доволно на брзина околу 10-15 секунди да измешате смесите да добиете хомогено тесто, така печените колачиња ќе бидат крцкави. Ако повеке време го месите ќе се случи она несаканото ќе ви се одвои маслото.
Пред да ги замесите колачињата вклучете ја рерната на 190 степени.
Земајте со рака и правете ги формите како ќе сакате, јас подмерив и секое колаче тежеше од околу 30 гр. Ставете да се печат околу 20-25 мин.
- Печени вадете ги додека се топли и на десетина секунди пуштајте ги во шербетот, вадете и ставајте на жица да се цедат.
При самото послужување ставајте по малку мед и поросувајте со мелени ореви.
Кај мене мелени ореви со тоа што ставав по некоја јатка на средината, па потоа ставав од медот.
И овие меломакарони како и останатите по сличен, но сепак различен рецепт кога и да се спремаат домот е исполнет со аромите од портокалот, медот, зачините ... што ја прави атмосферата да е празнична (впрочем нели ова се божиќни колачиња), а секое залаче е магија ... ваквите ароматни колачиња секогаш ми се фаворити...