Испечати

Алва од Дониа

Алва од Дониа

Традиционален начин на производство на квалитетна таан алва со исклучиво природни состојки. Автентичен мирис и вкус кој го носи духот на традицијата. Тајната на убавиот вкус не е само во состојките, туку и во финесите на изработка. Времињата се промениле, но страста, љубовта и вниманието при изработката на Дониа алвата остануваат и до ден денес. Нашите мајстори се вистински специјалисти доследни на традицијата на производство на квалитетна алва.

  • Алва класик 420г,450г
  • Алва какао 50г, 100г, 250г, 420г, 450г,2000г
  • Алва ф’стаци 420г
  • Црна алва 100г, 200г
  • Крале класик 35г
  • Крале какао 35г

Дониа е поврзана со традиционалните задоволства и мултикултурните корени на Балканот. Дури и името „Дониа“ има античко потекло, што значи „богатство“ и „извор на живот“ на стариот арапски јазик. Дониа произведува традиционални слатки деликатеси како локум, алва, желе, колачи со оригинален рецепт и со строго природни состојки. Дониа произведува во Прилеп, многу стар македонски град, основан во римско време со оригинално име Стибера. Производите на Дониа се со висок квалитет,традиционални но и со модерен пристап во поглед на контрола на квалитет и стандарди при производство.