Кремисимо торта
Состојки
- потребно за кора 1 и кора 3
- 5 јајца (од кои 5 белки и 3 жолчки)
- 5 лажици шеќер
- 2 лажици гриз
- 3 лажици какао
- 2 лажици брашно
- 1 пециво
- кора 2
- 5 белки
- 200 гр шеќер
- 1 лажица оцет или сок од лимон
- крем 1
- 1 л млеко
- 10 лажици шеќер
- 4 жолчки
- 10 лажици брашно
- 100 гр ореви
- 1 маргарин
- 150 гр шеќер во прав
- 200 гр чоколада
- крем 2
- 5 жолчки
- 5 лажици шеќер
- 200 гр бело чоколадо
- 1 шлаг пена
- 50 мл млеко
Подготовка
Подготовка на кора 1 и 3 се прави на ист начин.
Ги матиме белките со постепено додавање на шеќерот во цврст снег. Потоа една по една ги додаваме жолчките, проматуваме уште малку, го додаваме гризот, какаото и брашното во кое сме го додале пецивото. Јас ја правев во округла тава бр 32. Печеме на 220 степени и проверуваме кога е печено.
Подготовка на кора 2.
Белките ги матиме со постепено додавање на шеќерот во цврст снег потоа додаваме оцет или лимон во зависност сто имате во моментот. Печете во загреана рерна на 200 степени додека ептен малку порумени и веднаш ја намалувате температурата на 120 степени додека да се исуши.
Подготовка на крем 1.
Во сад ги ставаме жолчките, брашното и додаваме млеко колку да ги соединиме состојките во преостанатето млеко го додаме шеќерот и оставаме да зоврие ги систаваме состојките од брашното и жолчките вариме густ крем. Во готовиот густ крем ги додаваме оревите и оставаме да се излади.
Изладениот крем го соединуваме со претходно изматен маргарин со шеќер во прав. И додаваме растопена чоколада на пареа која ја соединуваме со кремот.
Подготовка на крем 2.
Жолчките ги матиме со шеќерот на пареа додека да се згустат. Кога е густ кремот ја додаваме белата чоколада да се растопи и тргаме да се излади.
Во ладното млеко го матиме шлагот во цврст крем и ги додаваме изладените жолчки. Матиме да се соедини кремот.
ФИЛУВАМЕ. кора1, крем 1, крем 2, кора 2, крем 1, крем 2, кора 3. Декорација по ваша желба.
Тортата го носи името од оргиналниот рецепт, но оваа е моја варијанта на оваа торта и нам многу ни се допадна се надевам и вам.