Испечати

Локум од Дониа

Локум од Дониа

Прилепскиот регион во Западна Македонија уште од дамнина е надалеку познат и препознатлив по производството на најквалитетен локум. Приказната за овој локум започнува уште пред повеќе од 100 години. Во Дониа сеуште на стариот начин и по старите рецепти локумот се вари, созрева и рачно се сече за да секое парче од ова деликатесно задоволство има посебна мекост и сочност. Локумот е направен исклучиво од природни едноставни состојки одбрани со особено внимание. Локумот е достапен во неколку варијанти, збогатен со првокласни селектирани домашни ореви и посипан со шеќер во прав, со кокос, традиционален со лимон и роза, прелиен со какао. Велат тајната на убавиот вкус не е само во состојките, туку и во финесите на изработката. Времињата се промениле, но страста, љубовта и вниманието при изработката на Дониа локумот остануваат и до ден денес. Локум традиционален 100г, 200г, 1000г, 3000г Локум со кокос 100г, 200г, 400г, 1000г, 3000г Локум со ореви 100г, 200г, 400г, 1000г, 3000г Локум со лимон и роза 400г Локум со какао прелив 400г

Дониа е поврзана со традиционалните задоволства и мултикултурните корени на Балканот. Дури и името „Дониа“ има античко потекло, што значи „богатство“ и „извор на живот“ на стариот арапски јазик. Дониа произведува традиционални слатки деликатеси како локум, алва, желе, колачи со оригинален рецепт и со строго природни состојки. Дониа произведува во Прилеп, многу стар македонски град, основан во римско време со оригинално име Стибера. Производите на Дониа се со висок квалитет,традиционални но и со модерен пристап во поглед на контрола на квалитет и стандарди при производство.