Индијанки (по рецепт на мајка ми)
Состојки
- За тесто
- 4 јајца
- 120 гр шеќер
- 150 гр брашно
- 1 прашок за пециво
- За фил
- 500 мл млеко
- 2 кесички пудинг од ванила
- 125 гр маргарин/путер
- 5 лажици шеќер
- 1 лажица какао
Подготовка
Уште еден рецепт за старите добри индијанки. Рецептот ми е од мојата покојна мајка.
Се матат белките со 60гр шеќер во цврст шлаг. На страна се матат пенасто жолчките со 60гр шеќер, се додаваат во белките и се мешаат со дрвена лажица. Се додава и брашното заедно со пецивото и повторно се меша со лажица да се изедначи смесата. Не смее подолго време да се меша бидејки смесата ќе стане потечна и ќе се разлева.
Со помош на шприц се прават форми на плех обложен со мрсна хартија(задолжително) и се печат во загреана рерна на 190 степени 8-10минути(во мојата рерна доволни се 8мин) треба тестото да остане бело.
Се вари густ крем од пудинзите и млекото и откако ќе олади се додава предходно изматен маргарин. Се филоваат индијанките со белиот фил, а со помош на шприц со ѕвездаст завршеток се украсуваат а во чоколадниот дел се додава 1 лажица какао.
Од оваа доза излегуваат околу 30 средни индијанки :)