Суши од ориз со туна и кашкавал
Состојки
- 2 чаши ориз
- 1 лажица оцет
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица вода
- 1/2 лаж сол
- 180 гр туна на парчиња
- 1 краставица
- 100 гр кашкавал
Подготовка
Ќерка ми сакаше да направиме суши, но не сака листови од морски алги. Решивме да направиме суши без морски алги.
Оризот убаво измијте го. Додадете 2 чаши вода и оставете 15 минути да одстои. Ставете да се вари со истата вода на силен оган додека не зоврие. Кога ќе зоврие, намалете на многу тивко, затворете со капаче и оставете 15 минути да се вари. После 15 минути исклучете и покријте со натопена крпа додека не истине.
Во едно ѓезве стоплете една лажица вода со една лажица оцет, додадете шеќер, сол и измешајте додека не се растопат. Истурете во изладениот ориз и промешајте.
Краставицата и морковот исечете ги на ленти. Исто и кашкавалот.
На бамбусова подлога (ако немате може и на фолија) ставете ориз, распоредете во еден правоаголник, на него наредете туна, краставица, морков и кашкавал и завиткајте во ролат.
Ролатот исечете го на 6 парчиња. Одозгора наросете со ленено семе и сусам.
Забелешка
Кога го сечете ролатот ножот треба да се топи во вода затоа што оризот лепи.