Ориз во сос од кајсии
Состојки
- 100гр ориз
- 350мл вода
- 200гр кајсии
- 50гр мелени ореви
- 30мл ликер од кајсии
- 2 супени лажици мед
- за послужување
- 2 лажици мармалад од кајсии
- 1 супена лажица сецкани ореви
Подготовка
ојде сезона на кајси, па еве еден убав несекојдневен и многу вкусен десерт...
Во блендер се ставаат кајсиите и водата и се блендираат убаво. Потоа се ставаат во длабок сад на оган заедно со медот.
Откога ќе почне да врие се додава оризот и се вари 15 минути на тивко со повремено мешање додека се свари оризот и изврие течноста.
Пред да биде целосно варен оризот се додава ликерот од кајсии и мелените ореви.
Во длабока чинија се става на дното мармаладот од кајсии и сецканите ореви врз тоа се става варениот ориз се наросува со малку сецкани ореви.
Овој десерт е вистинско задоволство особено кога на дното ќе добиете изненадување од мармаладот со ореви ...
На здравје !!
П