Испечати

Пурпурен крем со малини и аронија

Пурпурен крем со малини и аронија

Состојки

  • 1 банана
  • 10-12 урми без семки
  • 2 раце малини
  • 2 раце аронија
  • 2-3 ливчиња нане, мента
  • 200 мл слатка павлака

Подготовка

Кога сме кај лесни и вкусни десерти моја препорака е овој десерт во чаша. Оваа вкусотија и ја посветувам на мојата и ваша пријателка Катерина Наскова, за која знам дека денот не и поминува без да касне нешто благо. Е па Кате ова е десерт кој се подготвува за 5 минути и јас веќе те замислив со чашкава во раце, во пријатно друштво и поглед во зеленило! Подготовка Сите состојки ставете ги во голема чаша од Нутрибулет или друг блендер. Блендирајте додека смесата да се згусне. Префрлете ја во чаша за сервирање на десертот, декорирајте и уживајте во вкусот. Забелешка Користев смрзнати малини и аронија, што значи десертот веднаш беше подготвен за конзумација. Од ѓумбирот се става едно мало тенко парченце или пак по вкус.