Чококрем со ориз, лешници и авокадо(посно)
Состојки
- 1/2 чаша ориз
- 1 чаша вода
- 1 прстофат сол
- 2 лажици оризово млеко во прав
- 2 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 банана
- 1 авокадо
- 2 лажици путер од кикирики
- 2-3 лажици мед
- 3 лажици какао
- 2 лажици кокосов путер
- 50 гр лешници
Подготовка
Екстра чоколаден крем....
Подготовка
1. Лешниците кратко ги потпекуваме, ги ладиме и мелеме.
2. Оризот го ставаме во зовриена вода со прстофат сол и го вариме на тивко. При крајот на варењето додаваме шеќер, ванилин шеќер и оризовото млеко во прав растворено во малку вода.
3. Сутлијашот го оставаме да подизлади па го ставаме во чашката во која ќе ја блендираме смесата.
4. Бананата, авокадото, путерот од кикирики, медот и какаото ги додаваме кон оризот,па соединуваме во блендер или Нутрибулет.
5. Откако ќе ни се измазни смесата додаваме кокосов путер и мелените лешници. Повторни блендираме и кремот ни е готов.
6. Го ставаме во тегличка и спремен е за конзумирање.
Забелешка
Состојки си додавате по потреба и вкус, а за да ја добиете посакуваната густина исто калкулирајте со нив. Ако не ви е доволно чоколаден, што зависи од какаото што ќе го користите, ќе треба да си додадете.....