Вртени крофни
Состојки
- 3 чаши брашно
- 2 лажици шеќер
- прстофат сол
- 1 јајце
- 20 гр. свеж квасец или 7 гр. сув
- 230-250 мл. млеко
- 2 лажици путер
- за посипување
- 3-4 лажици шеќер
- 1/2 лажичка цимет
Подготовка
- Во одмереното и загреано млеко ставете две лажици путер. Промешувјате да се стопи.
- Во млакото млеко со путерот додадете го квасецот, размешајте да се раствори.
- Во садот со брашното во кое ќе ставите прстофат сол, додадете го млекото во кое веќе е растворен квасецот. Додадете го и лесно сматеното јајце. Замесете тесто кое нема да се лепи за рацете, но е меко. Покријте со стреч фолија, оствете да стаса.
- Стасаното тесто поделете го на 16 еднакви делови, покријте ги и оставете да одморат околу 5 мин. Од секој дел правете фитил кој ќе го оформувате вртејки на спротивни правци. Потоа определете ја средината од тестената врвца, со рака фатете ги двата краја и замотајте околу себе. Секоја оформена крофна тргатје настрана на лесно побрашнета површина или сосема малку намрснета.
Откако ќе ги оформите сите крофни, покријте и оставете да стасуваат 15 мин, потоа свртете ги на другата страна - повторно нека стасуваат 15 мин.
- Во длабоко масло кое не треба да е многу прегреано ставајте да се пржат, вадете ги да се исцедат и посипувајте со мешавината од шеќер и цимет.
Одлични крофни во ново руво.
МЕШАВИНА
- измешајте циметот и шеќерот.
Напомена
- Кога ќе почнете да ги оформувате крофните доколку ви лепи за работната површина побрашнувајте но со многу малку брашно.
- Во рецептот кој го гледав видов дека мешавината од шеќер и цимет ја ставаат во хартиена кеса и така во неа пропуштаат една по една од испржените крофни, но на мене некако не ми појде од рака за да бидат убаво посипени. Ја ставив мешавината на поголема салвета, ставам од крофната и така подигајки ги двата краја од салфетата ги увалкував крофните и подобро и полесно беше.
- За млекото напишав 230 мл. затоа што кај мене толку беше потребно со оглед на брашното, но не е голема грешка ако ги ставев и преостанатите 20 мл.
- Путерот извадете го да биде на собна температура како би можеле полесно да одцрпите и определите полна лажица.
- Чашата е од 220 мл.
Пријатен ден!