Ролат - Мандарина цвет
Состојки
- За тесто
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 1 лажица какао
- 1 пакетче прашок за печиво
- сок од 1 мандарина
- За фил
- 400 мл млеко
- 6 лажици шеќер
- 1 пакетче прашок за пудинг од ванила
- 1 лажица нишесте (или брашно)
- 1 жолчка
- 150 гр маргарин
- 7-8 мандарини
Подготовка
Во овој рецепт мандарината игра улога на декоративен вкусен додаток, а може е и кралица на рецептот. Подгответе го и кажете.
Подготовка: Матете ги јајцата и шеќерот најмалку 10 минути до кремаста структура. Брашното, какаото и пецивото измешајте ги да нема грутчиња или поминете ги низ сито и со најмала брзина на миксерот, вмешајте ги во изматените јајца. На крај со рака или алатка исцедете една мандарина и кратко поминете со миксерот да се соедини. Смесата излијте ја во обложен плех од шпоретот со пек хартија и печете на 170С 15тина минути. Печената кора извадете ја од хартијата и замотајте ја во влажна пацета во ролат. Додека се загреваат 300 мл млеко и 5 лажици шеќер, во останатото млеко и шеќер растворете го пудингот, нишестето и жолчката, па додадете ги во загреаното млеко и сварете густ крем. Префрлете го кремот во друг сад за полесно да лади и додадете го маргаринот, па со миксер изматете до кремаста структура. Премачкајте ја кората со кремот насекаде. На почетокот наредете ги излупените мандарини цели и внимателно завиткајте во ролат. Оставете го најдобро преку ноќ на ладно да отстои пред да го исечите на парчиња.