Испечати

Орашникот на баба

Орашникот на баба

Состојки

  • за тесто
  • 500 гр брашно
  • 100 мл зејтин
  • 200 мл вода
  • 1 прстофат сол
  • 2 лажички сода бикарбона
  • за фил
  • 20 лажици мелени ораси
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • за шербет
  • 500 гр шеќер
  • 150 мл вода

Подготовка

Овој Орашник го пробав кај една баба, ми се допадна и побарав рецепт. Сега решив да го направам.
Во едно вангличе сипете брашно, зејтин, вода, малку сол, сода бикарбона и замесете тесто. Оставете го малку на страна.
Во мелените ореви додајте шеќер, ванила и цимет и измешајте.
Тестото поделете го на 8 топчиња. Од секое топче рассукајте кора и ставете во намрсено тавче. На секоја кора ставете ореви со шеќер. Така правете додека не се потроши тестото. На последна кора не ставаме ореви.
Попрскајте одозгора со зејтин и оставете 15 минути. Печете на 180 степени 30-40 минути.
Готовото тесто оставете го да истине.

За шербет земете шеќер, сипете во тенџере, додајте вода и ставете на оган. Кога ќе зоврие оставете малку нека поврие, 2-3 минути.
Изладеното тесто прелијте го со жежок шербет и оставете да отстои 2-3 часа.