Испечати

Супа од зелена леќа и макарони

Супа од зелена леќа и макарони

Состојки

  • 300 грама крупна зелена леќа на Сончева Долина
  • 300мл сос од домати
  • 3 чешниња лук
  • 3 сецкани стебленца целер
  • 2 големи лажици сецкан магдонос
  • 1 1/2 голема лажица маслиново масло
  • 300 грама ситни макарони
  • по вкус сол, бибер, мешан сув зачин

Подготовка

Превкусна густа супа за љубителите на зелена леќа. Лесно јадење што сите го сакаат.
Убаво се мие и чисти леќата. Големо тенџере се полни две третини со вода. Се додава леќа, сос од дома, целер, магдонос и маслиново масло и се става на силен оган да зоврие. Откако ќе зоврие се намалува на тивко и се вари околу 45 минути.
Супата е прилично густа. Се додаваат макарони сол и бибер и се вари се заедно околу 10 минути, потоа се трга тенџерето од оган, се покрива со капак и се остава 10 минути да се добие убава смеса.
Леќата се служи топла наросена со бибер.