Испечати

Бајадера со кикирики

Бајадера со кикирики

Состојки

  • 250 мл вода
  • 300 гр шеќер
  • 200 гр путер
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 300 гр мелени бисквити
  • 400 гр печени кикирики
  • Глазура
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 100 гр кикирики
  • 3 лажици зејтин

Подготовка

Шеќерот со водата се става во сад на оган да зоврие. Откако кратко ќе зоврие се додаваат чоколадото и путерот.
Откако ќе се стопат, се трга на страна, се додаваат бисквитите и убаво се промешува. Малку да се подизлади смесата се додаваат и мелените кикиритки. Убаво се меша смесата.
Во помало правоаголно плехче (30х20) обложено со фолија, се истура смесата, убаво се израмнува и се полева со глазура од чоколадо со 3 лажици зејтин. Се посипува со сечкани кикирики и се става во ладилник да се стегне, па после се сече на штангли.
На здравје!!!