Паштета од грав со ајвар и млад кромид
Состојки
- 250гр варен бел грав
- по вкус сол
- малку масло
- 3 млади кромитчиња
- 100 гр бело сирење
- 50 гр јатки орев
- 1 лажица лут ајвар
Подготовка
На плитка мрснотија се пропржува сецканиот кромид со малку сол.
Се додава варениот и исцеден грав, оревите и сирењето-рендано. Се меша додека сирењето не почни да се топи. Се трга од оган и се остава да се излади.
Се додава ајварот и се става во блендер да се испасира.
По потреба, за саканата густина на паштетата се додава вода во која се вареше гравот.
На здравје!