Чоколаден ролат со малини
Подготовка
Пред да ја испечете кората, направете ги кремовите.
Желатинот накиснете го со по 1 лажица вода.
Малинките изгмечете ги и ставете ги на оган заедно со шеќерот. Одвојте малку од нив и во тоа измешајте го нишестето. Кога ќе зоврие турете го разматеното нишесте и сварете крем. Во него додајте го путерот, измешајте и ставете го набубрениот желатин. Измешајте убаво.
За кремот од ванила, измиксајте го сирењето со шеќерот, па додајте ја павлаката и продолжете со миксањето. Кога ќе се згусти додајте ја ванилата и растопениот желатин. Измешајте убаво, да се спои целата смеса. Одвојте 1/3 од кремот на страна. Во неа ќе го ставите растопеното млечно чоколадо, за премачкување одозгора.
За кората, избијте ги јацата со шеќерот и ставете ги останатите состојки биејќи со најмала брзина.
Печете во плех прекриен со хартија, во загреана рерна на 180 степени (проверете со чепкалка). Кога ќе биде печено одма завиткајте го со се хартијата во ролат.
Кога ќе се излади, најпрво премачкајте го со кремот од малина па одозгора, над него ставете го кремот од ванила. Завиткајте ролат и премачкајте го со чоколадниот крем и декорирајте. Ставете го во фрижидер некој саат да се стегне.