Печени полпети со тиквички и ориз
Состојки
- 1 тиквичка
- 1/2 шоља ориз
- 1 шоља вода
- прстофат сол
- 1 јајце
- 100 гр сирење
- 1 лажица брашно
- 3-4 лажици лебни трошки
- прстофат бибер
- 1/2 лажичка куркума
- сусам за посип
Подготовка
Ова е еден интересен, а сепак едноставен рецепт. Полпетиве може да ги направите како предјадење, прилог или пак главно јадење. За што ќе се одлучите оставам на вас.
Подготовка
1. Оризот го вариме. Јас обично го ставам во зовриена вода чија количина е два пати поголема од количината на оризот. Го промешуваме за да не се зафати за тенџерето. Варам на тивко и потоа го промешувам, па го ладам. Со ваквото дозирање, оризот не се преварува ниту пак останува премногу сув, а зрната се целосни.
2. Тиквичката ја лупиме, ја рендаме, посолуваме и оставаме да ја испушти вишокот вода што ја содржи. Ја процедуваме, јас со притисок во дланката, а ако сакате може и низ цедалка. Ја додаваме кон оризот.
3. Ставаме едно јајце, рендано сирење и зачини по желба и вкус, кај мене куркума и бибер.
4. Целата смеса ја соединуваме и во подмачкано тавче со масло или на хартија за печење ставаме по една лажица од неа. Со лажицата формираме полпети.
5. Ги наросуваме со сусам.
6. Ги печеме во загреана рерна на 180 степени.
Забелешка
Во зависност од влажноста на тиквичката, додаваме лебни трошки. Смесата не треба да е премногу густа ниту пак премногу ретка. Треба да може да се црпи со лажица, а не во раце да се формираат полпети.
Имаат поубав вкус ако додадете свеж магдонос.