Испечати

Тортичка со ореви, лешници и таан (посно) е

Тортичка со ореви, лешници и таан (посно) е

Состојки

  • 250 гр мелени бисквити (посни)
  • 100 гр ореви (мелени)
  • 100 гр лешници (мелени)
  • 250 мл слатка павлака (растителна)
  • 4 лажици таан
  • 50 изрендано чоколадо
  • 1 лажица какао

Подготовка

Еве уште еден превкусен десерт со вкусна нота на таанот, кој брзо се подготвува, уште побрзо се јаде.
1. Во сад се ставаат мелените бисквити, мелените ореви, мелените лешници, се мешаат сувите состојки.
2. Се става слатката павлака (нематена) и таанот, се замесува убаво со рака.
3. Смесата се дели на два дела. Првиот дел (овој), се става во помал силиконски калап за торта (форма по желба или калап со обрач што се вади) и убаво се натапкува во калапот.
4. Во вториот дел од смесата се става ситно рендано чоколадо и какаото, пак се измесува убаво и се нанесува врз посветлиот дел.
5. Се остава малку во фрижидер да се стегне, а после се вади од калапот, се превртува на чинија и се декорира по желба со шлаг, слатка павлака, може да се полее со стопено чоколадо и сл.
Ако ја дуплирате дозата на состојки, добивате поголема превкусна торта.
Среќни празници!