Испечати

Кремасто зеленчуково рижото со наут

Кремасто зеленчуково рижото со наут

Состојки

  • 300 гр ориз
  • 100 гр наут
  • 1 кромид
  • 2 моркова
  • 1 тиквичка
  • 1 литар вода
  • на вкус сув зеленчук, сол, бибер
  • 1 лажица путер
  • по желба пармезан или кашкавал

Подготовка

На малку масло пропржете го кромидот, морковот и тиквичката на коцки исечени или форма која ја сакате вие. Нека се пржат. Додадете го и измиениот ориз, пржете заедно додека се застакли. Посолете и зачинете на вкус, додадете го наутот и нека се вари во садот во кој ќе го приготвувате без да го поклопувате. Повремено и промешувајте. Пред самиот крај ставете го путерот и промешајте. Кога се соединил путерот тргнете на страна.
- Сервирајте го топло посипувајки со магдонос, пармезан или рендан кашкавал доколку сакате вие.
Напомена
- Јас користам наут во лименки, а доколку сакате вие во домашната работилница да го приготвите тогаш од вечер ставете го во тенџере, залијте со вода и нека одстои до наредниот ден. Ставете да го варите додавајки малку кромид (еден исечен круг од кромидот) нека се вари зависно од квалитетот на самиот наут најмалку 2 часа. Кога е варен процедете го.
Ова е кремасто рижото. Ако цените дека состојките ви одговараат освен тоа што ќе сакате да не е кремасто, тогаш постапката околу пржењето на зеленчукот ќе ја направите, а потоа во него измешајте го веке сварениот ориз кој сте го залиле со ладна вода и прецеден, нека се заедно пржат околу 1-2 минутки и тргнете. Понатаму вие сами ке знаете како да го послужите.
Наместо вода, можете да го заливате оризот со пилешки бујон.
Оваа количина е доволна за 6 особи.