Блага погача со мармалад
Состојки
- 250 мл. млеко (млако)
- 1/2 коцка свеж квасец
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 5 лажици масло
- прстофат сол
- 250 - 300 гр. брашно (просејано)
- 2-3 лажици мармалад од црни сливи
- по потреба шеќер во прав
Подготовка
- Во сад за месење се става млекото, маслото, ванилин шеќерот, солта, се меша со жица, потоа се додава квасецот (издробен) и се меша уште малку.
- Се почнува со постепено додавање на брашното се додека не се добие густо тесто.
- Се префрла на работна маса и со додавање на брашно се измесува средно меко тесто.
- Веднаш се рассукува кора 1 см. која се премачкува со мармалад од црни сливи, а може и некој друг погуст мармалад или џем по желба.
- Кората се витка во ролат, се сечат парчиња и се редат во тава бр.26 која е обложена со хартија за печење (кај Делимано тавите не е потребна хартија).
- Одозгора се премачкува со масло и се остава да се дуплира.
- Се пече на 190 степени околу 25-30 минути.
- Изладена, слатката погача се посипува со шеќер во прав и се служи.
Забелешки
Наместо млеко може да се замеси со млака вода, убава е и така плус е посна.
Ако користите потечен џем може да ви истече при виткање на ролатот и при сечењето.
Може да ја испечете во форма на штрудла наместо да ја сечете.