Салата со урда, моркови, павлака и крекери
Состојки
- 300 гр, урда
- 100 гр, моркови
- 10 гр, сусам
- 250гр. павлака
- 100 гр, солени крекери од пица од Армониа
- 1 свежа рендана краставица
- 1 морков
Подготовка
Се меша заедно павлаката и урдата. Се додава сецкана или рендана свежа краставица, лук сецкан, пипер црн, сусам, морков сецкан или рендан се меша убаво и се пробува по вкус.
Јас ставив и од солените крекери од пица за да има и поубав вкус. Оставив малку да олади во фрижидер и беше превкусна за јадење.
Се декорира со солени крекери од пица од тие што ќе останат од паковката.