Бел ориз со рукола
Состојки
- 200 гр бел ориз од брендот Сончева долина
- 200 гр чадено пилешко филе
- 100 гр рукола
- 3 млади кромитчиња
- 1 црвен патлиџан
- малку масло
- малку путер-колку една голема лажица
- по вкус мешан сув зеленчук, сол, мелен црн пипер,
- 3 чаши од по 200 гр. вода - за варење на оризот
Подготовка
Еве еден рецепт за македонското бело злато од Сончевата долина подготвено на малку поинаков начин. Мошне вкусно и топло го препорачувам... :)
Најпрво го чистиме и миеме бисерниот ориз, а можи да се користи и интегрален.
Го ставаме во зовриена, посолена вода, во која имаме додадено и масло, да се вари на умерен оган. За да не се превари оризот, тенџерето се покрива со две хартиени салфетки. Тие ќе ја впијат пареата и нема да дојде до преварување.
Штом е сварен оризот го оставаме на исклучена рингла, да се впие целосно течноста.
Во меѓувреме на плитка мрснотија во тава што не лепи,како што е на Делимано, го пропржуваме сецканиот млад кромид со малку сол.
Потоа го додаваме пилешкото филе сецкано и кратко пропржуваме.
Го додаваме сецканиот патлиџан и претходно измиената, исчистената и исецканата рукола. Сето тоа кратко се динста во сокот од патлиџанот.
На ред е оризот. Го додаваме и убаво мешаме да се изедначи целата смеса.
Зачинуваме по вкус со мешан сув зеленчук и мелен црн пипер. По желба уште во варењето на оризот може да се додаде и малку шафран.
На крај го додаваме путерот и мешаме додека целосно се растопи и добие компактна смеса.Тргаме од оган и сервираме....
На здравје!