Тава ориз од Сончева долина со сос од зеленчук и парчиња месо
Состојки
- Подготовка на тавата со ориз Сончева долина
- 500 гр ориз Сончева долина
- 1 главица кромид
- 2 млади кромидчиња
- 20 мл масло
- Потребни состојки за подготовка на сосот од зеленчук
- 500 гр мешан зеленчук (карфиол, брокула, морков и пченка)
- 10 мл масло
- 100 мл ладна вода
- Потребни состојки за подготовка на месото
- 500 гр парчиња свинско месо или останата мешана скара
- 150 мл млеко
- 2 мали лажички сенф
Подготовка
Најпрво оризот Сончева долина се треби, но е толку чист што оваа постапка слободно може да се скокне. Се мие во цедалка под млаз ладна вода и се цеди. Во Делимано тава загреваме малку масло и ја додаваме претходно исецканата главица кромид и две млади кромидчиња, а може и само обичен кромид. Се динста на тивко и кога ќе омекне му се додава исцедениот ориз и тој да се запржи. Во друго тенџере топлиме вода. Мојот сооднос е на еден филџан ориз - три филџани зовриена вода. Така оризот нема да се лепи и ќе биде секое зрнце посебно. И оризот и водата се соединуваат и се претура во длабока тава за печење. Се пече на 250С додека да испари водата и благо да порумени. Ова е некоја класична рецепта за подготовка на тава ориз.
За преливот од зеленчук потребно е една ќеса мешавина од карфиол, брокула, морков и малку пченка која се динста со малку сол, бибер и 1 мала лажичка кари. Кога ќе омекне скроз се блендира во Нутрибулет, во кој претходно сме додале 100 мл ладна вода. На тој начин се добива сосот од зеленчук.
Како прилог на ова јадење додадов парчиња свинско месо кое што ми беше останато од предходниот ден, а сакав да го искомбинирам со оризот. Тајната за сенфот секогаш ја добивам од другарка ми. Месото исецкано на коцки, се загрева во Делимано тава во него се додаваат исецкани две млади кромидчиња и 2 исецкани зелени пиперки и се остава да се динста. Кога ќе биде готово се додава една мала шоља од кафе (150мл) млеко, во која сме додале 2 мали лажички сенф и сето тоа се соединува со месото и се остава да покрчка. Месото добива свеж и феноменален вкус.
Оризот на Сончева долина се сервира во длабока чинија, се прелива од сосот од зеленчук и од страна се додава месото во сос од млеко и сенф. По желба можете да декорирате со зрна пченка. Лесно и вкусно и за млади и за стари.