Испечати

Салата со ракчиња

Салата со ракчиња

Состојки

  • 250гр. замрзнати и исчистени ракчиња
  • 2 чешниња лук
  • 300мл кисела павлака
  • 4 лажици мајонез
  • 1 зрело авокадо
  • 2 лажици маслиново масло
  • 5-6 кисели краставички
  • сок од половина лимета
  • коцка путер

Подготовка

Превкусна летна салата, која совршено одговара со чаша вино!
Најпрво, размрзнатите ракчиња, исчистете ги со вилушка, односно извадете им ја темната линија од горе.
Потоа, на загреано маслиново масло, кратко запржете го ситно сецканото лукче, па додајте ги ракчињата.
Пржете околу десетина минути или додека не испари водата. Потоа, додајте коцка путер, попрскајте ги со малку сок од лимета и зачинете ги по вкус.
Оставете ги да поруменат.
На страна, изгмечете го зрелото авокадо, соединете го со павлаката, мајонезот, маслиновото масло и преостанатиот сок од лимета. Посолете и наросете мелен црн бибер.
Краставичките исечкајте ги, па додајте ги во кремот од авокадо. Откако, ракчињата ќе се изладат, додајте ги во кремот и промешајте се добро.
Остаавете ја салатата да одстои во фрижидер неколку часа, па послужете ја!
На здравје!