Црвена сос леќа
Состојки
- 1,1/2 чаша црвена леќа
- 1 кромид
- 3-4 чешниња лук
- 2 лажици куркума
- по 2 лажици коријандер листови и магдонос
- 1/2 лажичка кумин
- по 1 лажичка ѓумбир и црвен пипер
- 1/3 лажичка цимет
- 250 гр сецкани домати - пелати
- 1 лажица мед
- 1 лажица доматен концетрат
- неколку лажици маслиново масло
- на вкус сол, сув зеленчук и бибер
Подготовка
Во подлабоко тенџере ставете го маслиновото масло и пропржете го сецканиот кромид заедно со половина од магдоносот и коријандерот. Нека се пропржи, потоа додадете ги сите останати зачинки да се кратко пропржат сите заедно - околу минута доста е, како би се испуштиле сите мириси и вкусови од зачинките. Додадете вода и изминета леќа. Леќата нека биде повеќе залиена за да може истата да се развари, но истовремено да остане густа. Варете ја околу 20 мин, по што ќе ги ставите исецканите домати (пелати), доматниот концетрат и медот, нека се вари така заедно уште околу 10 мин. Значи треба да биде разварена и густа. Пред самиот крај додадете ја другата половина на сецканите листови коријандер и магдонос.
- Тргнете од огнот, можете да додадете мали пржени кофтиња, но и не мора бидејки и вака засебно е добро. При служењето правам една мала измена ако не сум ставила некое ќофте, во тањирот си додавам малку сок од лимон и лажица кисела павлака, одлична е!
Мој предлог за припрема на црвена леќа по Марокански начин која изобилува со зачинки - за чудо, сите ги сакам. Кој не го сака циметот слободно нека го изостави.