Испечати

Коктел бомбици со сирење

Коктел бомбици со сирење

Состојки

  • 1/2 кг бело кравјо сирење
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица фета сирење
  • 200 гр сусам
  • За валкање-сусам,буковец,копар,оригано....

Подготовка

Вкусни и декоративни бомбици, одлично мезе.
Сирењето го дробиме со вилушка убаво да дојде кремасто.
Сусамо го тостираме кратко и оставаме да се олади.
Во кравјото сирење ја додаваме павлаката и фетата и убаво мешаме со вилушка додека се добие кремаста смеса.
На крај го додаваме тостираниот сусам. Се заедно мешаме.
Со рака формираме бомбици коои ги валкаме во сусам, буковец, копар или нешто друго по ваш избор.