Испечати

Пилешки срца со ориз

Пилешки срца со ориз

Состојки

  • 500 гр пилешки срца
  • 1 помала главица кромид
  • 1 стракче млад кромид
  • 1 морков
  • 1 чаша ориз
  • малку за вкус лукче
  • на вкус сол, бибер, сув зеленчук, магоднос
  • 1 помала тиквичка

Подготовка

Во тавата во која ќе го приготвувате ручекот ставете да се пржи кромидот и сецканата пиперка. Kога ќе застакли додадете го ситно сецканиот морков и на коцки исечената тиквичка, едно младо кромитче- нека се пржи заедно. Потоа додадете ги пилешките срца и заедно пржете додека остане на масло. Додадете го сецканото лукче и оризот, пржете да се застакли оризот, залијте со 3 чаши вода, овкусете на сол, додадете го магодносот, ставете во веќе загреана рерна нека се потпече.
Извадете и сервирајте во тањир, посипете со ситно сецкан млад кромид и магдонос.
Одличен прилог е кисело млеко или кисела павлака.
Чашата е од 200 мл.