Испечати

Тиквен леб со стартер Тангзхонг

Тиквен леб со стартер Тангзхонг

Состојки

  • За стартер тангзхонг
  • 25 гр брашно
  • 125гр вода
  • Тесто
  • 120гр Тангзхонг
  • 100гр пире од тиква
  • 1 јајце
  • 80мл млеко
  • 25гр шеќер
  • 350гр брашно
  • 3гр сув квасец
  • 25гр путер

Подготовка

Месец Ноември, месец каде што каде и да се завртиме, по блогови, социјални мрежи се нападнати со фотографии и рецепти засновани на тиква. И јас да не останам покуса, се потрудив да направам тиквен леб со методот Тангзхонг.
Сигурно ќе се запрашате што е ова тангзхонг. Тоа е всушност техника за правење леб и печива со кинеско потекло каде што овозможува да се задржи хидратацијата во печениот производ, давајки му живот лебот, кој со денови останува мек како перница, како штотуку испечен, без никакви адитиви и конзерванси.

Дозите се за леб кој се прави во правоаголна модла од 25 см.
И што велите? Да ги засукаме ракавите и да направиме леб од тиква со стартер Тангзхонг?

За стартерот
Во тенџере измешајте ги состојките, но внимавајте да не ви се направат грутки, ставете го на тивок оган и варете мешајќи постојано, се додека не се згусне.
Ќе биде подготвен кога со лажицата ке направите линија на дното на садот, ќе можете да го видете дното неколку секунди. (За кујнски термометар тоа ќе биде 65 степени)
Тргнете на страна и оставете да се излади. (ќе добиете структура како пудинг)

За тесто
Испречете ја тиквата и оставете целосно да се излади.
Во сад ставете ги сувите состојки, брашното, квасецот и шеќерот.
Додатете го стартерот, јајцето и млекото.
Додадете го пирето, путерот и солта и замесете тесто кое ќе биде малу лепливо.
Прекријте и оставете го 1 час.
Стасаното тесто поделете го на три еднакви делови.
Секое топче расукајте го, свртете го во ролна, па поново расукајте, па пак свиткајте во ролна.
Префрлете во подмачкана модла со затворениот дел надолу.
Оставете повторно да стаса.
Премачкајте со јајце и наросете со семки од тиква
Печете во загреана рерна, 180 степени