Шпагети во сос од тиква и сланина
Состојки
- 150 гр сланина
- 200 гр тиква
- 1 чешне лук
- 1 главица кромид или 2-3 млади кромитчиња
- 200 мл неутрална павлака
- 100 мл вода
- 100 гр пармезан по вкус
- 250 гр шпагети
Подготовка
Паста шпагети во преубав сос. Рецептот потекнува од Русија.
Таму тиквата е многу застапена во кујната. Еве го начинот на подготовка.
Во посолена вода ги вариме шпагетите.
Додека се варат, го приготвуваме сосот.
Во касерола на оган го запржуваме кромитчето. Го додаваме и лукот.
Ја додаваме на коцки сечканата тиква. Пржиме и додаваме сецкана сланина.
Зачинуваме со бибер и сол. Налеваме 100 мл вода и оставаме да крчка. Кога водата е пред испарување, ја додаваме неутралната павлака.
Осатаваме така да прокрчка уште некое време да се згусне.
Шпагетите ги сервираме во сад и врз нив го прелеваме сосот.
Благо промешуваме и наросуваме пармезан.
Нека ви е слатко. На здравје.