Потопени ѓевречиња (посно)
Состојки
- 1 кг просеано бело брашно
- 1 коцка (40гр) свеж квасец
- 1 пециво
- 2 лажичиња сол
- 4 лажичиња шеќер
- 100мл масло
- по потреба затоплена кисела вода (400-500мл)
- Потребно
- 150гр маргарин
- 200гр сусам
- 100гр лен
Подготовка
Во самиот сад каде ќе се меси се става брашното, во средината се прави вдлабнатинка и се активира квасецот, со 1 лажиче шеќер и топла минерална вода. Потоа се додаваат сите состојки и се замесува средно кон меко тесто. Убаво се изработува и се остава да го дуплира волуменот.
Потоа на кратко се премесува. Повторно се остава да надојди.
Од целото тесто се обликуваат топчиња. Половината од нив се оформуваат во кифли, па се макаат во топла вода и се редат на памучна крпа. Потоа се валкаат во сусам помешан со лен.
Се редат во намрсен плех со маргарин. Одозгора се наросуваат внимателно со по малку сол ситна-пазиме да не пресолиме и им се става по малку маргарин. Се киснат 20 мин., па се печат на 200 - 20 мин., во претходно загреана рерна. Потоа се “задушуваат“. Откако е сработена првата половина од топчињата, се работи другата половина. Се употребува околу 150 гр.маргарин. Малку ми остана од 200 гр. сусам помешан со 100 гр. лен.
п.с. Сол одозгора не мора, нам така ни се повкусни, затоа ставам... На здравје!