Испечати

Кaрамел бомбици

Кaрамел бомбици

Состојки

  • 200 гр мелени ореви
  • 30гр рендано чоколадо
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 полна лажица мармалад од портокал
  • 2 лажици толчени карамелизирани ореви
  • Декорација
  • по потреба толчени карамелизирани ореви

Подготовка

Ова се едни од најубавите бомбици кои сум ги правела....
1. Оревите ситно ги мелеме, чоколадото го рендаме на најситната страна од рендето. Карамелизираните ореви со толчник ги толчиме, колку што може поситно.
2. Од сите наведени состојки месиме смеса и веднаш правиме бомбици.
3. Бомбиците ги декорираме со толчени карамелизирани ореви.
Уживајте!