Испечати

Интегрален ориз со спанаќ (посно, без запршка)

Интегрален ориз со спанаќ (посно, без запршка)

Состојки

  • 1 помал кромид
  • 1 морков
  • 1 зелена пиперка
  • 400-500 гр спанаќ
  • 1 чаша интегрален ориз
  • околу 1 чаша (можи и помалце) доматен сос
  • 1 лажиче чаден црвен пипер
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • по желба и вкус - куркума, босилек, шарен или црн бибер

Подготовка

Се запржува кромидчето, се додава 1 рендан морков, 1 зелена пиперка сечкана, спанаќот, па на крај на кратко оризот. Откако ќе испари течноста се додава чадена црвена пипер и се налева вода. Се вари на помала температура со покриен капак и повремено мешање.

Потоа се зачинува (јас ставив куркума, босилек, шарен пипер и вегета), се посолува ако е потребно и се налева доматна паста. Се вари уште кратко со почесто мешање до посакуваната густина.