Испечати

Чоколадни лешник штангли со рум (без печење)

Чоколадни лешник штангли со рум (без печење)

Состојки

  • 1 кора за торта Винчини
  • Крем
  • 150 гр слатка павлака
  • 150 гр чоколадо
  • 5 лажици мелени лешници
  • Прелив
  • 1 лажица инстант кафе
  • 2 лажици вода
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици Рум

Подготовка

Превкусни,превкусни!!
Еве еден прекрасен десерт кој се топи во уста,пробајте и ќе се уверите.

Прво го правиме ганаш кремот. Во сад ја ставаме слатката павлака и чоколадото и садот го ставаме во поголем сад во кој има вода која врие. Со постојано мешање чекаме чоколадото и павлаката да се соединат. Тргаме на страна и оставаме да се олади. Во ладниот ганаш крем додаваме 5 лажици мелени лешници.

Преливот за кората го правиме кога ги мешаме сите состојки заедно и мешаме додека да се стопи ванилиниот шеќер.
Кората пандишпан ја прскаме со преливот и ја филуваме со филот.
Потоа кората ја сечеме на три еднакви дела кои ги ставаме еден врз друг.
Врз последната кора наросуваме мелени лешници.
Ние ја јадевме и со шлаг.
Добар апетит!