Каремелизирани ореви

Состојки
- 1 чаша ореви (крупно сецкани)
- 4 полни лажици шеќер
- 1 лажица путер
- 1/4 лажичка цимет
Подготовка
Прекрасно мезе, додаток во торти или колачи...
1. Оревите, шеќерот, путерот и циметот ставете ги во тавче на шпорет на средна температура. Постојано мешајте додека се стопи шеќерот и путерот (околу пет минути).
2. Готовите ореви ставете ги на хартија и убаво раздвоете ги со две вилушки,додека се оладат.
Се послужуваат ладни како грицки или како додаток во десерти.
На здравје!