Компот од кајсии
Состојки
- 3 кг кајсии
- 16 лажици шеќер
Подготовка
Секоја домаќинка која подготвува компот за зима,си има свој рецепт. Сепак одлучив да го споделам и јас мојот едноставен рецепт со вас.
Рецептот е за 8 тегли (толку собира мојата повисока шерпа).
Прво теглите ги миеме. Во секоја тегла до половина ја полниме со измиени, исчистени од семките и пресечени на половина, кајсии. Додаваме 2 лажици шеќер и ја полниме до врв со вода. Така ги полниме сите, ги затвараме убаво капаците и ги редиме во шерпа обложена со крпа. Ја полниме шерпата со вода за да ги облие теглите. Постепено ја зголемуваме температурата. Кога ќе почне водата да врие, оставме да врие 5 минути и исклучуваме. Во оваа вода ги оставаме теглите 24 часа.
Потоа ги редиме на ладно и темно место и се спремни за конзумирање на зима.