Армоника леб
Состојки
- 1кг брашно
- 1 Jајце
- 40гр квасец
- 1/2 пециво
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 300 мл топло млеко
- 200 мл кисела вода
- 200 мл масло
- За премачкување
- 1 жолчка
- 4 лажици маргарин
- малку сол
- фил
- 300 гр фета сирење или изварка
- 200 гр рендана салама
1. Од наведените состојки се замесува тесто и се остава покриено на топло околу 30 минути. Потоа тестото се става на побрашнета подлога и се дели на два дела. Секој дел се сучи.
2. Потоа се премачкува со матена жолчка со маргарин и се става сирење и рендана салама по желба(може само со сирење ...)
3. Се сечат на правоаголници. Така да од едното тесто да излезат 12 парчиња.
4. Се спојуваат по 4 и се сечат и така се редат во плех.
5. Кога ќе се наредат и преостанатите парчиња се премачкува со растопен маргарин и се остава да одмори 10 мин.
6. Се печи на 200С-30мин. Печената армоника се остава покриена 10мин да одмори и потоа се послужува.
ПС-Филот можете да го изменете да ставите по ваша желба.