Пецива со сирење и буковска пипер
Состојки
- 1кг и 100гр брашно
- 40гр свеж квасец
- 300 мл млеко
- 100 мл вода
- 125 мл јогурт
- 100 мл масло
- 1 пециво
- 1 лажица шеќер
- 2 лажички сол
- Намаз
- 200 гр маргарин
- 2 жолчки
- 1 лажица брашно
- Фил
- 400 гр сирење
- 2 полни лажици буковска пипер
- Уште треба малку маргарин за одозгора на пецивото
Подготовка
Одлично пециво,меко и вкусно.
1. Прво го ставаме квасецот со вода, шеќер и 1 лажица брашно за да стаса.
2. Во длабок сад ставаме брашно, 2 лажици сол,масло,јогурт ,пецивото и надојдениот квасец со постепено додавање млако млеко.Замесуваме глатко тесто.Го покриваме садот со крпа и оставаме да нарасте околу 30мин.
3. Подготовка на намаз-
Се мати со миксерот 200 гр маргарин со 2 жолчки и 1 лажица брашно.
4. Фил-
Сирење или изварок посолен и намрснат со масло.
5. Надојденото тесто кратко го месиме на побрашнета површина и го делиме на 4 дела.Обликуваме топки и оставаме на страна.
6. Од секое тесто сукаме правоаголна кора со должина околу 70см и премачкуваме 1/4 од намазот и ставаме од филот преку цела кора и оросуваме буковска пипер и виткаме во ролат.
7. Секој ролат го сечиме на 8 делови и секој дел го притискаме со дрвена лажица на средина . Ги редиме во намачкан плех.Киснат 20мин ги премачкуваме со беланце .На секое пециво ставаме по малку маргарин.
8. Печеме во загреана рерна на 200С-околу 30мин.