Пита (пица) со праз и сланина
Состојки
- Тесто
- 300 гр брашно
- 20 гр квасец
- 1 лажичка сол
- 100-150 мл млака вода (по потреба)
- Фил
- 2 страка праз
- 150 гр рендано сирење (козјо)
- 150 гр сланина
- 100 мл млеко
- 1 јајце
- 3 лажици масло
- сол по вкус
- црн бибер
- сусам по желба
Подготовка
1. Се замесува тесто од брашно, вода, квасец и сол. Се остава 20 мин да надојде тестото.
2. Во округла тепсија се става 4 лажици масло и се зема целото надојдено тесто се расплескува со рацете во тавата.
3. Во тенџере со вода се става исечканиот праз да се вари 3 минути откако ќе зоврие (така нема да се има киселини во желудникот). Се прецедува празот и во него се става 1 јајце, рендано сирење, сечкана сланина, млеко и масло. Сето убаво се меша и се истура врз тестото. Се посолува и се става црн бибер. Околу страните на тестото се поросува со сусам.
4. Се печи питата на 180С, 30мин.
На здравје!