Смути со кокос, капини и праска
Состојки
- 2 лажици кокос
- 3 праски
- 100 гр капини
- 2 лажици мед
Подготовка
Освежително смути за љубители на кокос.
Кокосот, капините и праските ставете во нутрибулет. Додајте мед и изблендирајте.
Готовото смути послужете го со коцки мраз.
На здравје!