Бомбици со кикирики, какао и боровинки (посно)
Состојки
- 400гр. несолени кикирики
- 3 лажици масло
- 5-6 лажици мед
- 2 лажици сирово какао
- 16 свежи боровинки
Подготовка
Со малку состојки добивате вкусни бомбици каде доминира вкусот на кикириките.
Во блендер ставете ги кикириките, маслото и медот.
Блендирајте додека убаво се соединат состојките. Јас оставив и малку покрупни парченца, но вие блендирајте по ваш вкус.
За полесно соединување на состојките јас додадов неколку мали лажичиња вода(ама и не мора).
Префрлете ја смесата во сад и додајте го какаото.
Измешајте убаво.
Формирајте бомбици со големина по ваша желба.
Во средината на секоја бомбица ставете по една боровинка.
(Ако немате боровинки може да ставите малини, капини или рибизли).
Ставете ги бомбиците да отстојат во фрижидер(околу 1 час, а може и повеќе).